Возете внимателно, во првите шест месеци од годинава во сообраќајки загинаа 43 лица

Како последница на неодговорно возење во првите 6 месеци од 2020 година, 43 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди во Македонија, а околу 2500 лица се повредени. Во изминатава година, пак, 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5164 лица беа повредени. Овие податоци се содржани во денешниот апел на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и на патиштата, упатен до учесниците во сообраќајот. Со него се апелира за одговорно учествување во сообраќајот и за почитување на сообраќајните правила и прописи.

-Статистичките податоци покажуваат дека во летниот период, односно во летните месеци, доаѓа до речиси двојно зголемување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди во однос на останатите месеци од годината. Дополнително ризикот се зголемува кога станува збор за празници односно за продолжен викенд во сезона на годишни одмори, а токму такви се деновите кои доаѓаат, се потенцира во апелот.

РСБСП ги потсетува возачите на моторни возила на ограничувањата во сообраќајот во однос на брзината на движењето (најмногу 130 км/час на автопат, 110 км/час на пат резервиран за моторни возила и 90 км/час на останатите патишта, најголема дозволена брзина во населено место е 50 км/час), задолжитлена употреба на сигурносниот појас, дозволеното количество на алкохол во крвта (0,5 промили), забрана за употреба на мобилните телефони и друго.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ не предложува свој потпретседател на Собранието, што ќе прави СДСМ?
Следна вестВо три сообраќајки повредни тројца моторџии