Во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Гевгелија, на излезот од станицата „Драчево“ на патничкиот премин удрил во патничко моторно возило, информира Регионалниот ЦУК Скопје.
Незгодата се случила на преминот што е обележан со светлосна и звучна сигнализација,
Според информациите до ЦУК, во возилото бил само возачот и нема настрадани.
На местото на несреќата, покрај Итната медицинска помош, биле од полицијата, а и Комисија од МЖ.