Вработен на хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница, вчера пријавил во полиција дека бил физички нападнат. Според пријавеното при нападот бил користен и нож.
– Непосредно пред тоа тој бил пријавен од 58-годишниот Ш.Ќ. од тетовска Голема Речица дека на хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница, каде што бил вработен, физички го нападнал, при што употребил и остар предмет, соопшти СВР Тетово.
А. К. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.