Вработен во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ украл 2 тони нафта

Околу два тони нафта биле украдени од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ во изминативе денови. Директорот Рубин Матески вели дека грабежот е дело на вработен во училиштето, а истиот во моментов е суспендиран, додека пак случајот е пријавен.

Имено, тие на безбедносните камери го виделе вработениот како изнесува нафта, откако претходно забележале истурена нафта кај влезните скали.

-На 06.07.2022 во ОВР-Прилеп пријавено е дека во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп забележано е како пред влезните скали има истурено нафта. Непознато лице со подесно средство ја отворило влезната врата од училиштето потоа со подесно средство ја отворил влезната врата од котларата, наполнил нафта и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и откривање на сторителот, велат од СВР Битола.

Според проценката, гимназијата била оштетена за околу 200.000 денари.

 

Претходна вестМуслиманите го слават Курбан Бајрам, празник на солидарноста и благосостојбата
Следна вестЌе го пере ли Пендаровски срамот на ЕУ?