Вработен во струшка фирма украл чанта со над 500.000 денари, па во полицијата пријавувал грабеж

Струшката полиција поднесе кривична пријава против Н.С.(25) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лажно пријавување.

„На 19 декември, пријавениот лажно пријавил дека во фирмата каде што бил вработен од паркирано патничко моторно возило ‘опел’, сопственост на фирмата, била одземена чанта со пари, но всушност тој ги одзел парите и нанел штета на фирмата од 593.625 денари“, објави МВР во дневниот билтен.

Претходна вестУнгарскиот парламент не гласаше за членство на Шведска во НАТО
Следна вестЏафери на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во државата: Целосна поддршка за уставните измени кога ќе има услови за нивно гласање