Вработен во СВР Куманово простил забрана за управување со моторно возило, доби кривична

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Х.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик и против Д.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Х.А., вработен во Отсекот за управни работи Куманово, во декември 2021 примил и одобрил барање за издавање возачка дозвола и притоа во предвиденото поле не внел три прекршочни санкции „забрана за управување со моторно возило“, во вкупно траење од 18 месеци, кои претходно му биле изречени на подносителот.

Негов колега исто така заработи кривична поради тоа што им овозможил да извршуваат работни задачи во Отсекот за управни работи Куманово по истекот на решенито кое го имале, а кое не било продолжено.

Против двајцата се поведени и иницијативи за дисцилински постапки.

Претходна вестСе намалува бројот на заразени, ама и на тестирани – 13 починати, над 1.000 оздравени
Следна вестБизнисот бара маржите да се замрнат на 20 отсто и само на основните производи