Вработена на Психијатрија снимала пациентка и го објавила видеото, ќе одговара за две кривични дела

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А. А. (47) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела несовесно работење во службата и неовластено снимање.

На 28.11.2023, пријавената, вработена како хигиеничарка во клиничката болница на одделот за психијатрија, неовластено снимала пациентка, а потоа видеоснимката ја објавила на социјална мрежа, со што наштетила на угледот и честа на пациентката.

Претходна вестМилошоски: Во ова танго на Талат и Села, Ковачевски и СДСМ се само неми статисти
Следна вестТрипуновски: Граѓаните на Македонија пијат увозно млеко бидејќи власта го уништи сточарството со лошите земјоделски политики