Во комплексот клиники „Мајка Тереза“ хоспитализирана е вработената од спортската обложувачница, која вчера била нападната од крадец.
Од МВР информираат дека настанот се случил вчера од 10.16 часот во Скопје на булеварот “Партизански oдреди“.
Крадецот со остар предмет ја нападнал вработената која му се спротивставила и не дозволила да ги одземе парите, по што тој го напуштил местото на настанот.