Вработена во скопско училиште пронајдена почината

Скопјанка, вработена во основно училиште во Илинден, била пронајдена почината вчера попладне.

– На 25.09.2024 во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во населба Илинден, скопско, била пронајдена почината С.М.(50) од Скопје, вработена во училиштето. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопшти МВР.

Претходна вестПриведени седуммина малолетници во Карпош кои претепале 17-годишник од Скопје
Следна вестДУИ повикува на итно донесување на уставните измени