Вработена во тетовската болница неовластено снимала пациентка

Вработена во тетовската болница е лишена од слобода. Таа претходно била пријавена од маж на пациентка во болницата дека ја снимала неовластено и снимката ја објавила на социјалните мрежи.

– Полициски службеници на СВР Тетово синоќа околу 20 часот и 10 минути ја лишиле од слобода 46-годишната А.А. од тетовска Брвеница. Таа претходно била пријавена од 47-годишниот И.Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде била вработена, неовластено ја снимила неговата сопруга која била хоспитализирана на едно од одделенијата. Снименото, потоа го објавила на социјални мрежи, информираат од МВР.

Таа задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Претходна вестВо Косово запленети фалсификувани 85.000 евра во монети, меѓу уапсените тројца од Македонија
Следна вестМалолетник украл паричник во слаткарница