Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојманцалиев изјави дека службите во МВР кои работеа на процесот на промена на документи утре добиваат уште една плата.
– Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите колеги кои работат во управните служби изминатиот период кои работат и во смени и за викенди и празници кои дадоа свој личен допринос за промена на патните исправи и на личните документи и на сите останати документи кои граѓаните требаше во изминатиот период да ги променат од Република Македонија, со новото име Република Северна Македонија. Би сакал да ги информирам сите дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина на последната исплатена плата кои ги имале во МВР и исто така и тој акт е потпишан и од мене и од министерот, објави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Бојманцалиев.