Вработените во печатницата која треба да ги печати учебниците два месеци немаат земено плата

Вработените во „Печатница Напредок принт“ и „Напредок 1“ кои преку „Просветно дело“ се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование за државните институции и кои подолг временски период го печатат „Службен весник“, веќе два месеца немаат добиено плата од работодавачот (управителот). Со ова се загрозува навременото печатење на учебниците, како и на „Службениот весник“, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Според ССМ, со ова, освен што се нанесува штета кон вработените со неисплаќањето на платите, ќе се нанесе штета и на образовниот процес, како и на редовната објава на сите службени акти во Службениот весник.

-Работниците веќе со години немаат навремено здравствено осигурување, а 80 отсто од нив се над 50 години старост и лекувањата ги плаќаат на приватно. Управителот на Печатниците, иако наплаќа државни пари, пари од граѓаните и од даноците, не исплаќа редовно плата ниту пак здравствено осигурување кон вработените, а што во изминатиот период по пријави на ССМ е констатирано брзо и ефикасно и од страна на Државниот инспекторат за труд, наведува ССМ.

Сојузот бара државните институции веднаш да преземат мерки за да не се доведе во прашање печатењето на учебниците и на Службениот весник, во спротивно најавуваат штрајкови

Претходна вестГрадот Скопје ја заврши реконструкцијата на улица „Славејко Арсов“
Следна вестГрчките националисти повторно го нападнаа домот на Архимандритот Никодим Царкњас