Вработените во повеќе министерства и две државни институции денеска на протест

Вработените од шест министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив денеска излегуваат на протест. Го бараат додатокот на плата од 30%. Од синдикатот на УПОЗ велат дека остануваат на одлуката на овој начин да го изразат револтот, бидејќи платите се ниски и е неопходно да се зголемат.

Меѓу институциите што ќе се приклучат на протестите се Министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд.

Од Синдикатот на УПОЗ посочуваат дека нема никаква правна пречка за потпишување на колективни договори, со кои би се зголемила платата, без разлика за кој дел од јавниот сектор станува збор.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев претходно рече дека имал средба со претседателот на синдикатот на УПОЗ, на која се договориле во писмена форма да ги достават забелешките за со кои не се согласуваат. Се договориле за нова средба деновиве.

Тој се согласува дека платите на вработените се ниски, но смета дека сумата што ја бара УПОЗ е преголема.

Претходна вестОблачно со температури под нулата
Следна вестКоцевски: Приоритетите за корупција не се под влијание на Мицкоски или кој било друг