Вработените во „Улици и патишта“ најавија штрајк – ќе ја донесат цела механизација пред Град Скопје!

Вработените во ЈП „Улици и патишта“ најавија штрајк поради неисплатени плати и своето незадоволство ќе го изразат носејќи на целата механизација пред просториите на Град Скопје.

Тие посочуваат дека претпријатието се соочува со сериозни финансиски проблеми, вклучувајќи долг од 240 милиони денари кон добавувачите, што доведува до недостиг на материјали и основни средства како нафта и ризла.

Вработените обвинуваат за селективно плаќање на долготи, додека сметката на претпријатието е блокирана со 10 милиони денари, а извршни решенија во износ од 40 милиони денари се очекува да стапат во сила наскоро. Тие додаваат дека дефектните градежни машини се резултат на овие финансиски проблеми.

Најавен е штрајк, а дополнителни информации ќе бидат објавени наскоро. Истовремено, градоначалничката Данела Арсовска го разреши директорот Ванчо Умлевски, кој беше на функцијата од јуни, но од Град Скопје засега не се откриваат причините за неговото разрешување.

Претходна вестСтудентите во „Пелагонија“ немаат топла вода, лифтови, хигиена…, Јаневска вели дека проблемите ќе се надминат
Следна вестШекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО