Почна враќањето на оградата околу објектот на Владата откако за тоа беше доснесена одлука на втората седница на новата Влада. Оградата беше отстранета во мандатот на претходната владеачка гарнитура.
– Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно одстранетата ограда на Владата. Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална. Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција, информираше на социјалните мрежи директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.
Оградата првично беше поставена во 2015 години и чинеше 700 илјади евра.