Вратете се додека се уште има начин – МНР до нашите во Русија

МНР апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на просторите на Руската федерација, да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на земјата, со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, за затвoрање на Европскиот воздушен простор за руските авиопревозници.

Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија.

Исто така, од МНР ги повикуваат сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања таму.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби. За поддршка на државјаните на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата:

+ 74 99 124 33 57 (фиксен)

+ 79 58 643 34 63 (мобилен)

е-mail: [email protected]

[email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

Од МНР посочуваат сите нашите граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва.

Претходна вестПресуди во Титаник: Затвор за Јанкулоска и Јанакиески, условни за Протугер и Бришковска
Следна вестЈанакиески повторно во куќен притвор