„Вреди“: ДУИ и нејзините сателити ја понижуваат албанската култура, а најновиот пример е Ансамблот на албански песни и ора

ДУИ и нејзините сателити постојано ја понижуваат албанската култура, а најновиот пример за ова понижување е Ансамблот на албански песни и ора во Северна Македонија со директорот на оваа институција, Шкодран Толај, кој како единствено достигнување во својата кариера има фактот дека е личен пејач на Али Ахмети, соопштија денеска од коалицијата „Вреди“.

Оттаму додаваат дека сведоштвата на вработените во Ансамблот на албански песни и ора се скандалозни и ужасни. Коалицијата ВЛЕН ја поздравува храброста и одважноста на овие вработени кои јавно ги открија „гревовите“ на пејачот на Али Ахмети, Шкодран Толај.

-Оваа личност, наместо да се занимава со напредокот на културата, се занимавал со се’ друго освен со својата примарна должност, што е емблематично за партијата која ја водеше владата веќе 22 години со непрофесионални кадри. Наместо да го реши статусот на вработените, тој избра да ги остави во неизвесност и да ги деградира, покажувајќи ароганција и недостиг на одговорност, се наведува во соопштението.

Коалицијата „Вреди“, како дел од владата, остро ги осудува постапките на директорот на Ансамблот на албански песни и ора, Шкодран Толај.

-Тој имаше можност да го реши статусот на уметниците, но одлучи да го следи истиот пат на неспособност и негрижа како и секоја друга институција управувана од ДУИ и нејзините сателити. Ги повикуваме и јавниот обвинител да влезе во оваа институција и да испита дали има уште поголеми злоупотреби во неговото работење. ДУИ и нејзините сателити ја покажаа својата неспособност за управување со јавните институции и за служење на граѓаните. Освен за криминал и корупција, тие не покажаа вештини во ниедна друга област, донесувајќи голема штета на нашето општество, се наведува во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта?
Следна вест„Тиквеш“ ги објави цените на откупот на грозје