Времен режим на сообраќај во Ново Лисиче на крстосница бул. „АСНОМ“ со ул. „Февруарски Поход“

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје најави дека денеска во 8:30 часот  екипи одговорни за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со реализација на активности за монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булевар „АСНОМ“ и  улицата „Февруарски поход“.

За време на изведување на работите  сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато.

– По должината на улица „Фебруарски Поход“ ќе нема прекин во сообраќајот, но е се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на бул.„АСНОМ“ кон ул.„Февруарски Поход“ ќе бидат слободни десните вртења за да можат автобусите непречено да движат, а возилата ќе ја користат истата лента,  а и околните сообраќајници околу паркиралиштата, соопштија од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.

Претходна вестМАЕИ го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо
Следна вестСообраќајка на патот Делчево-Пехчево, се вози по една коловозна лента