Времето денес променливо облачно со слаб локален дожд

Денеска во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 степени во Берово до 5 степени во Гевгелија, а максималните дневни од 5 во Маврово и 14 Целзиусови степени во Гевгелија и во Скопје.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 1 до 14 степени.

Претходна вестОкупаторите давале награда од 150.000 лева за неговата глава, Раде Јовечевски – Корчагин загина откако беше предаден
Следна вестМартовските пензии ќе бидат зголемени, процентот ќе се објави на крајот од пресметките