Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, температурите до 23 степени

Претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (60 km/h) од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Од петок следува период на стабилно, сончево и топло време со пораст на температурата.

Претходна вестПет лица ќе се гонат за обид за убиство во Скопје
Следна вестИма уапсени за убиството на лекарот во Железара, се проверува и мотивот за злосторствата