Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

Во Македонија и во недела ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има ретка појава на локален пороен дожд и грмежи.

Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.

Раните претпладневни температури се движат во интервалот од 12 до 20, додека максималните соодветно ќе бидат од 29 до 36 Целзиусови степени.

Претходна вестПитон каснал жена, ја задушил и ја проголтал: мештаните ја распарале змијата и го пронашле телото
Следна вестУтрово посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка