Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.