Времето денес сончево и топло со температури до 34 степени

Времето во Македонија во вторник ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. UV индексот ќе има вредност 8.

Утринските температури се движат од 11 до 17, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 24 и 36 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината и денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Темпратурата ќе се искачи до 33-от степен.

Претходна вестГаши ја одржа првата редовна координација: во фокусот конституирањето на комисиите
Следна вестОд патарина за пет месеци инкасирани 23,6 милиони евра, во пораст користењето електронски уреди