Времето денес сончево и топло, температурите до 36 степени

И во саботата во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне, во југоисточните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб променлив ветер.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 27 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата до 34 степени.

Претходна вестТри случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
Следна вестСо 88 гласа „за“ усвоен законот за реорганизација на министерствата во Владата