Времето денес сончево со мала облачност

Во Скопје, претпладне се очекува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во останатиот дел од Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Претходна вестЦентарци се жалеле на гласна музика, па инспекции влегоа во ресторани среде журка
Следна вестСе преврте возило на Брза помош во Скопје, повредени четири лица