Времето денес сончево со умерена облачност, попладне наместа пороен дожд

Новата седмица во Македонија ќе започне со сончево време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Попладне, претежно во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Утринската температура се движи од 8 до 15, додека максомалната во текот на денот ќе биде во интервалот меѓу 16 и 28 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 27 степени.

Претходна вест66-годишен скопјанец почина од струен удар додека косел трева
Следна вестБез струја делови од општините Ѓорче Петров и Карпош