Времето денес – утрото студено, преку денот сончево

Утрото студено, преку денот сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула, а дневните до петок ќе бидат во постепен пораст. На крајот на работната недела ќе има услови за појава на слаб повремен дожд. До тогаш ќе продолжи да дува северен ветер.

Претходна вестКампања „Паркирај совесно и одговорно“
Следна вестБез вода дел од општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар