Времето денеска: Облачно со засилен ветер, попладне дожд

Во текот на утрешниот ден се очекува облачноста да почне да се намалува. Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло време со пораст на температурата.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштија утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.

-Ќе дува засилен ветер со брзина на 60 километри на час од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, велат пд УХМР.

Оттаму прогнозираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

-Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени, соопштија од УХМР.

И утре претпладне ќе врне дожд, а наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува и засилен силен ветер од југозападен правец.

Во текот на утрешниот ден се очекува облачноста да почне да се намалува. Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло време со пораст на температурата.

Претходна вестОдговорно паркирање
Следна вестПатот Прилеп-Битола денеска ќе биде затворен за сообраќај