Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

И во другите делови од Македонија времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој попладне во северните делови ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Претходна вестМладата фудбалска репрезентација ќе одигра три пријателски натпревари во Анталија
Следна вестВладиниот план за чист воздух е пример како не треба да се работи