Времето денеска: Променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од -1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 17 степени.

На целата територија на земјава денеска се очекува променливо облачно време. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на планинските региони во западниот дел од земјата, но и на крајниот исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен сверозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од -1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд и слаб до умерен северозападен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 5 до максимални 16 степени.

За утре УХМР прогнозира променливо облачно време со сончеви периоди.

Претходна вестМакедонија ќе набавува транспортни хеликоптери од Италија
Следна вестОколу 4.000 граѓани направиле увид во Избирачкиот список, рокот истекува на 18 март