Времето денеска сончево и топло со слаб северен ветер

Во Македонија во понеделникот ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Вредностана ултравиолетовото зралење (UV) ќе изнесува 7.

Утринските температури се движат од 11 до 20, додека во текот на денот највисоките ќе бидат во интервалот меѓу 25 и 36 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе предовладува сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 35 степени.

Претходна вестПовреден параглајдирист во Крушево, со хеликоптер се пренесува во болница
Следна вестПочнува учебната година, 245 илјади основци и средношколци влегуваат во училиштата