Времето денеска сончево со засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места во долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 11 степени во Берово и во Маврово до – 4 во Гевгелија, а максималните дневни од – 1 во Маврово и 7 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од – 8 до 5 степени.

Претходна вестВечерва се слави Стара нова година, а утре е Василица и Обрезание Господово
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Пукањето во тетовската болница покажа само колку власта нема контрола над ништо