Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во останатиот дел од Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. В понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Потоа во следните два дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег.