Врсничко насилство ќе може да се пријави на електронски адреси

Младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство на електронски адреси што ги отвори Министерството за образование, информира денеска министерот Јетон Шаќири. Пријавите ќе може да се доставуваат на адреси: [email protected] и [email protected] на албански јазик.

-Адресите се веќе активни и по секоја пријава веднаш ќе се  постапува, соопшти Шаќири.

МОН информира дека почнаа консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.

-На моја иницијатива денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата,  психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија. Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор, изјави по средбата министерот за образование Јетон Шаќири.

Претходна вестПокачувањата на платите на функционерите ќе ги чини граѓаните 80 милиони денари месечно
Следна вестТепачка меѓу ученици во основно училиште во Тетово