Министерството за здравство информираше дека во последното деноноќие нема регистриран ниту еден смртен случај како последица од ковид, што е втор последователен ден.
Регистрирани се 15 новозаразени од 2.802 тестирања од Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.
Девет општини, пак, во моментов се без активни случаи: Кавадарци, Свети Николе, Берово, Пехчево, Дојран, Демир Капија, Богданци, Пробиштип и Ресен.