Втор изборен викенд: Зголемен број на пријавени болни и изнемоштени лица кои сакаат да гласаат

Во 44 општини утре ќе се спроведува вториот круг на гласање на локалните избори. Денеска гласаат болните и изнемоштените, како и граѓаните кои се во изолација поради заболување од ковид-19, како и поради контакт со заболен од вирусот. Вест за овој втор изборен викенд е фактот што е зголемен бројот пријавени болни и изнемоштени отколку во првиот круг. На пример во Охрид и Дебрца, правото на глас се пријавиле да го искористат 112 лица повеќе од 17 октомври, односно вкупно 311.

Како што е веќе познато за оние кои се во изолација, гласањето го спроведуваат посебни тимови во кои има и лекари, а кај болните и изнемоштените ќе доаѓаат претставници од избирачките избори.

Освен болните и изнемоштени лица денеска гласаат и затворениците и притворениците, вкупно 1409, 266 лица кои се сместени во установи за вонсемејно сместување, како и шест граѓани кои имаат статус на раселени лица.

Во вториот круг на овие локални избори, право на глас имаат 1 353 990 граѓани на 2481 избирачки места.

Скопјани гласаат за градоначалник за Скопје, но прв човек на општината бираат и Џентар и Карпош.

Претходна вестБројката на заразени никако да падне под 400, починаа 9 лица
Следна вестСончево со утринска магла по котлините