Втор пораз за македонските одбојкари на Европското првенство 2021

Македонската одбојкарска репрезетентација загуби со 3:0 (25:20, 25:18, 25:22) од Холандија во вториот меч од Европското првенство во Финска, откако искусниот протовник ги казни сите наши грешки.

По солидниот и рамноправен старт на мечот, Холанѓаните се одвоија на 16:12, предност која потоа не успеавме да ја достигнеме, а потоа во вториот сет, повторно бевме рамноправни до средината на сетот, кога Холанѓаните ја покажаа својата сила. Третиот сет беше најрамноправен, но на крајот „лалињата“ покажаа дека се далеку поквалтитетен тим, како осморангирани на светот.

Капитенот Никола Ѓорѓиев го заврши мечот со 13 поени, а Александар Љафтов имаше 11 поени. Следниот меч на Македонија на ЕП е дуелот со уште еден фаворит, Шпанија.

Претходна вестСончево и топло со температури до 32 степен
Следна вестВчера повторно се лудувало по скопските улици