Втор пораз за МЗТ Скопје во АБА2 лигата, следниот дуел го игра против Сутјеска

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје долго го контролираа натпреварот против Хелиос, имаа и двоцифрена предност, но на крајот мораа да се соочат со пораз (83:87) на првиот настап на вториот турнир од АБА2 лигата. МЗТ го доби првиот период со 22:15, до крајот на полувремето обезбеди плус осум, а на почетокот на третиот период имаше и плус петнаесет (50:35).

Сепак и тоа не беше доволно, бидејќи словенечкиот ривал најпрвин ја намали негативата до крајот на третата делница на минус пет, за на 3:32 минути до крајот да биде најавен пресвртот. Кошаркарите на Хелиос направија серија која најпрвин донесе израмнување 75:75, а подоцна и прво водство и сериозна предност, која противникот на МЗТ не ја испушти до крајот.

Војдан Стојановски со 19 и Танасковиќ со 18 поени беа најефикасни кај нашиот претставник, додека Махковиќ со 25 поени беше најдобар реализатор кај Хелиос.

МЗТ сега има два пораза и една победа во АБА2, а следниот дуел го игра против Сутјеска.

Претходна вестСи Џинпинг пристигна во САД, ќе се сретне со Џо Бајден
Следна вестПредупредување од ММФ: Ризици од инфлацијата во Македонија се поврзани со опстојување на досегашниот висок раст на платите