Во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерство за здравство.
Најмногу од заболените како и во изминатове денови се од Скопје – дури 97, а потоа следат Куманово 5, Прилеп 1, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Битола 1, Кавадарци 1, Крушево 2, Валандово 1, Кратово 1, Кичево 2, Ресен 7 и Неготино 1.
-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г). Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем, се наведува во информацијата.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од:Скопје 6, Куманово 23, Прилеп 2, Тетово 1 и Велес 2
– Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331, наведува Министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.