Казни за 633 граѓани заради неносење заштитни маски

За неносење на заштитни маски во изминатово деноноќие во Македонија регистрирани се 633 прекршоци, соопшти МВР. За овој вид прекршок граѓаните ќе треба да платат по 20 евра во денарска противвредност.

-На територијата на земјава на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација, се наведува во соопштението.

Претходна вестПопладнево се очекува локален пороен дожд и грмежи
Следна вестЗа заразените од Корона по 6. јули – нема гласање на изборите!