Темен режим Режим на светлина

Зеленски: Украинското искуство може да помогне за обезбедување слободна пловидба во Ормутскиот теснец

Зеленски: Украинското искуство може да помогне за обезбедување слободна пловидба во Ормутскиот теснец Зеленски: Украинското искуство може да помогне за обезбедување слободна пловидба во Ормутскиот теснец

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на заеднички напори за воспоставување мисија која би обезбедила слободна пловидба во Ормутскиот теснец, нудејќи го искуството на Украина од Црното Море.

Зеленски се обрати преку видеоконференција на состанок со претставници на 50 земји, коорганизиран од Франција и Велика Британија, предупредувајќи дека одлуките за Ормус ќе имаат глобални последици.
Тој истакна дека е неопходно конкретно дејствување за да се избегнат сценарија како во Газа и нагласи дека безбедносните предизвици во регионот не можат да се решат само со политички одлуки.

Украинскиот претседател потсети дека неговата земја веќе има искуство со слични операции во Црното Море, вклучително и придружба на трговски бродови, деминирање и одбрана од воздушни напади.

Дополнително, Зеленски посочи дека Украина веќе испратила експерти на Блискиот Исток и воспоставила безбедносна соработка со земји како Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, со цел да придонесе кон регионалната безбедност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Викенд со вистински пролетен сјај, температури во Скопје до 22 степени

Викенд со вистински пролетен сјај, температури во Скопје до 22 степени

Следна објава
„Титан Усје“: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

„Титан Усје“: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство