Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне до 22 степени.
И во Скопје ќе биде исто.
Слично време како денеска ќе имаме и утре.
И покрај повремениот ветер, пролетта веќе го покажува своето вистинско лице и нè повикува да излеземе надвор, да прошетаме и да уживаме во природата. Ова е период кога парковите и излетничките места се полни со живот, па секој сончев момент вреди да се искористи.
Свежиот воздух и зеленилото се најдобриот начин да се наполни енергија по долгиот период на облачно и врнежливо време.




