Попладнево се очекува локален пороен дожд и грмежи

Локален пороен дожд и грмежи се очекуваат попладнево во скопската котлина. Синоптичарите предвидуваат дека претходно, во претпладневните часови времето ќе биде умерено облачно. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 28 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја – променливо облачно со слаб до умерен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени, а максималната од 22 до 30 степени.

Претходна вестВтор ден од уписите во средните училишта, пак се популарни гимназиите
Следна вестКазни за 633 граѓани заради неносење заштитни маски