Во наредниве седум дена раст на хоспитализираните пациенти, потоа намалување

Во наредните седум дена очекуваме пораст на бројот на хоспитализирани пациенти по болниците и тој ќе биде поголем од бројот на отпуштените од болниците. Но, по овој период се очекува намалување на бројот на хоспитализираните, изјави на попладневната конференција за печат Венко Филипче, министер за здравство.
Зборувајќи за болничките капацитети со кои се располага во ситуација кога секојдневно има голем број на заболени лица, Филипче рече дека има е уште доволно места за болните.
-Пополнетоста е далеку од максимумот. На Инфективна клиника од вчера се користи монтажна болница која има 72 легла и таму има тројца пациенти. Во ГОБ “8 септември” има 250 слободни легла, Во Битола ила уште 20, во Тетово може да се обезбедат 100 кревети… И приватните болници понудија свои легла, објасни министерот.
Тој рече дека од внатрешноста се дојдени 54 доктори и медицински сестри
како помош во Скопје, во ГОБ.
-Ова е најголема здравствена криза со која се соочуваме и тоа добро го правиме. Ќе продолжиме со досегашна стратегија. Верувам во брзо враќање во нормала. За сега не размислуваме за враќање на рестриктивните мерки. Скопје е сега најголемо жариште, потенцира Филипче.
Претходна вестОд црно – поцрно: 193 заболени и девет починати
Следна вестПендаровски: Се додека не се пронајде вакцина, вирусот ќе биде наша реалност!