Вториот бран продолжува на најјако: 182 заболени, шестмина починати

Во последните 24 часа се направени 1.348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Повторно најголем број на заболените се на подрачјето на Скопје – 107, а потоа следат Куманово 14, Штип 4, Тетово 23, Струга 5, Битола 2, Охрид 6, Гостивар 4, Струмица 1, Кочани 1, Берово 1, Ресен 13 и Неготино 1 лице.

-Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември” починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни, наведува Министерството.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти: Скопје 22, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 2, Битола 1, Кочани 2, Свети Николе 1 и Кичево 1.

-Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во Македонија изнесува 2.612, се наведува во информцијата.

До сега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на Ковид -19.
Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Претходна вестПриведено 16-годишно девојче за поседување марихуана
Следна вестПробале метален стол да исфрлат преку канализација – ја запушиле!