Српскиот претседател Вучиќ им честита на македонските фудбалери, ќе бидеме со вас со цело срце

Српскиот претседател Александар Вучиќ им честиташе на сите граѓани на нашата држава за вчерашната голема победа над Грузија со 1:0. Со оваа победа Македонија за првпат ќе се натпреварува во Европското првенство.

– На сите граѓани на Северна Македонија им честитам на историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, ќе бидеме со вас цело време- напиша Вучиќ на својот Фејсбук.

Инаку синоќа српската фудбалска репрезентација не успеа да се пласира на ЕП, губејќи од Шкотска во рулет пенал серијата.

Претходна вестИ понатаму ли мислат дека со клечење и отстапки ја носат Македонија на добар пат?
Следна вестУнија на медицински сестри: Ризично е неискусни ученици да се стават во жаришта на пандемијата