Вучиќ ги повика Србите да се приклучат на војската

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ги повика своите сограѓани да ѝ се приклучат на војската на Србија, наведувајќи дека платите во армијата сега се особено високи, пренесува Телеграф.

Тој на владината седница рече дека е неопходно да се продолжи со носење војници бидејќи се обезбедени многу пари за да се мотивираат граѓаните со повисоки примања да се приклучат во тенковски единици, извидници и други единици каде има проблем со недостиг на луѓе.

Тој истакна дека постои проблем што момчињата се откажуваат бидејќи не смеат да користат мобилни телефони во периодот од 21 до 07 часот.

-Едноставно живееме во такви времиња во кои сите сме разгалени, каде што никој не е навикнат на напорна работа, изјави тој.

Тој особено им се заблагодари на припадниците на Безбедносно-информативната агенција (БИА), но и на припадниците на полицијата кои, како што нагласи, секојдневно трпат терор на секое место низ Србија.

-Им благодарам за трпението, професионализмот и сакам да побарам прошка во името на сите нас, што треба да трпите секакви гадости и напади од вадење визир, крадење опрема, најсериозни можни навреди, физички напади и се друго, рече Вучиќ и ги замоли да продолжат да се однесуваат професионално, сериозно и одговорно.

Претходна вестБез струја делови од неколку скопски општини
Следна вестГруби и Бајрами ќе се бараат со меѓународна потерница