Истополовите бракови се неприфатливи за српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој изјави дека додека самиот е претседател на Србија нема да потпише закон за истополови бракови. Вучиќ нема да потпише ниту закон со кој ќе постои „некој трет род каде не сте маж или жена“.
Во обраќање на телевизија тој укажа дека ја замолил премиерката Ана Брнабиќ додека е претседател да не потпишува истополови бракови, како и дека „тој е виновникот“.
Со ова српскиот претседател укажа дека критиките на ЕУ за тоа би требало да се однесуваат на него, а не на Брнабиќ. Како што кажа, таа „се залага за тоа“ и тој е тој „кој не дозволува“.
Вучиќ оцени дека Србија е земја со традиционално општество, како и дека не му пречи ЛГБТ популацијата.