Вучиќ по средбата со шефот на НАТО: Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката. Столтенберг се заблагодарил за гостопримството, велејќи дека Србија е важен регионален партнер.

– Разговаравме и за можноста повторно да започнеме заеднички воени вежби. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата соработка, навел Столтенберг, пренесе „Блиц.рс“.

Како што рече, со Вучиќ разговарал и за ситуацијата на Косово. Тој додава дека НАТО испратил дополнителни 1.000 војници на Косово.

– Сметам на сите страни да ги намалат тензиите и да се воздржат од ескалирани постапки, подвлекол генералниот секретар на НАТО.

Претседателот на Србија навел дека Столтенберг е поврзан со Србија на многу начини, и дека секогаш лично се трудел „да биде фер кон нашата земја“.

– Тоа е важно за нас, а тоа го кажа и Столтенберг, со НАТО и КФОР, со надеж дека ќе ја обезбедиме безбедноста на Србите на Косово што е можно повеќе, изјави Вучиќ, додавајќи дека едиствено Србите биле загрозени и напаѓани на Косово.

Вучиќ додал дека се знае кои се барањата на Западот и дека движењето на српската војска е внатрешна работа на Србија.

– Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската, посочил Вучиќ

Генералниот секретар на НАТО е во посета на регионот во која ги посети Сараево и Приштина, денеска е во Белград, по што ќе замине за Скопје.

Претходна вестПо сообраќајка поставени „легнати полицајци“ на улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром
Следна вестНајбогатите 1 процент загадуваат исто колку најсиромашните 5 милијарди