За 20 години во Скопје има 3,9 отсто повеќе жители, а дури 30 отсто повеќе станови

Вкупниот број на жители во градот Скопје изнесува 526.502 лица и во споредба со пописот од 2002 година е зголемен за 3,9 проценти, покажува Пописот спроведен во 2021 година.

-Бројот на домаќинства во град Скопје изнесува 171.171 и во споредба со 2002 се забележува зголемување за 16,8 проценти, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите.

Како што рече Симовски, зголемен е и бројот на станови во Скопје. Изнесува 213.850 станови што е пораст во однос на 2002 година за 30,6 проценти.

Претходна вестДенеска протест на синдикатите во КСС, на 11 април генерален штрајк на СОНК
Следна вестИ денеска нови 294 заразени, шестмина починати